Чувствувајте свежина без ладни провеви

Лизгајте надолу

mb windfree sofa white7c29e038 2a73 4c0b b512 e1f79363015d

Клима-уредите на Samsung со технологија WindFree™ го ладат воздухот без ладни провеви¹. Со нас ќе ви биде свежо во лето и топло во зима, со совршена внатрешна клима за да можете да бидете свои.

Како работи клима-уредот?

Еден клима-уред работи така што ја извлекува топлината од внатре и ја испушта надвор. Тоа го прави со помош на разладно средство во внатрешноста на системот за климатизација и работи во 3 чекори: Чекор 1: разладното средство во системот испарува (се претвора во гас) и на тој начин ја апсорбира топлината од внатрешниот воздух. Чекор 2: преку компресор, испареното разладно средство се истуркува преку системот за климатизација за повторно да стане течност. Додека разладното средство се враќа во течна состојба, преку надворешната единица излегува топол воздух Чекор 3: додека испареното разладно средство тече низ системот за климатизација, изладен воздух циркулира назад во просторијата, обезбедувајќи ефект на ладење за да се создаде пријатна температура во затворен простор.

70285f05 c753 43ee b2d4 81dfc5a434d4

Типови на клима-уреди

Секој систем за климатизација треба да има надворешна единица и внатрешна единица. Во зависност од системот што го бирате, на една иста надворешна единица може да се поврзат повеќе внатрешни единици. Кој систем е идеален за вас ќе зависи од вашите потреби, вашиот дом и од тоа како е изграден домот.

Системи Single Split

Системите Single Split поврзуваат една надворешна единица со една внатрешна единица и се идеални за контролирање на комфорот во една просторија во домот.

Како да го изберете вистинскиот систем за климатизација

Изборот на вистинско решение зависи од вашите конкретни потреби.
  • schematic single split

    Клима-уред Single Split

    Ако ви треба климатизација само на една просторија, тогаш нашите решенија Single Split се вистинскиот избор за вас.
  • schematic multi split

    Клима-уред Multi Split

    Ако сакате да ладите повеќе простории со една надворешна единица, тогаш дајте му шанса на системот Multi Split
  • DT-ambientata-climatehub-header.jpg

    TDM Plus – вашето сеопфатно решение за греење и климатизација

    За оние кои се во потрага по решение за греење и ладење во едно, тука е нашиот EHS ClimateHub TDM+. Обезбедува греење преку радијатори и подно греење, како и домашна жешка вода. А и климатизација со технологија WindFree™.

¹ ASHRAE (Американско здружение на инженери за греење, ладење и климатизација) го дефинира „тивкото струење“ како воздух кој струи со брзина помала од 0,15 m/s при што не се јавуваат ладни провеви.