Единици за климатизација за една просторија, како спална соба

Лизгајте надолу

MB-windfree-kitchen-feature-visual.jpgDT-windfree-kitchen-feature-visual.jpg

Барате клима-уред за една просторија за вашиот дом?

Единечен Split станбен клима-уред е идеално решение. Овие системи за климатизација поврзуваат една надворешна единица со една внатрешна единица. За да ви помогнеме добро да се наспиете во текот на летото, на пример, или да се фокусирате во домашната канцеларија.

Главни карактеристики на систем за климатизација Single Split

*Некои карактеристики може да се разликуваат во зависност од избраната внатрешна единица

Комфор

Нашата уникатна технологија WindFree™ користи илјадници микро-дупчиња за рамномерно да го разнесува воздухот низ просторијата, за да ви биде пријатно изладено и без непријатни провеви. Сензорите за детекција на движење¹, достапни на WindFree™ Elite, се грижат сите единици да работат врз основа на активност, а режимот Fast Cooling брзо ја постигнува посакуваната температура, за моментално олеснување од надворешните пеколни температури.

samsung training installer 2

Монтирање на Single Split

Без разлика дали сакате да го надградите посто��чкиот систем за климатизација или да монтирате нов, Samsung ви нуди повеќе опции што ќе одговараат на вашите конкретни потреби. Работиме со квалификувани и искусни инсталатери кои нудат стручни совети за планирање, монтирање и одржување на станбените системи за контрола на климата. Најдете Samsung инсталатер блиску до вас.
Најдете инсталатер

Повеќе од една просторија? Разгледајте го ова решение за климатизација

Сега кога знаете што значи Single Split систем за климатизација, можеби сакате да разгледате и други опции. Дали, на пример, сакате да ладите и греете повеќе простории? Тогаш, можеби подобро решение би бил нашиот Multi Split систем. Откријте кое решение е најдобро за вас.

schematic multi split2

¹ Сензорот за детекција на движење (MDS) ќе почне да детектира отсуство на движење по најмалку 5 минути и до најмногу 60 минути. Функцијата сензор за детекција на движење може да се најде само на моделот WindFree™ Elite.

² Достапно на уреди со Android и iOS. Потребно е поврзување на Wi-Fi и корисничка сметка на Samsung.

³ Потврдено од Intertek, Број на извештај RT20E-S0010-R, Датум на издавање: 17 април 2020 Елементот K (електростатски преципитатор) на Samsung Electronics може да ги стерилизира микроорганизмите фатени во филтерот (Escherichia coli: над 99 %, Staphylococcus aureus: над 99 %). Овој филтер фаќа ултраситна прашина со големина до 0,3 μm. Филтерот за прочистување на воздухот PM 1.0 е достапен на WindFree™ Pure и како додаток за 360 Cassette, касетниот модел со 4-насочно издувување и за касетниот модел со 1-насочно издувување.

⁴ Потврдено од Intertek со тестирање примероци од Samsung AR9500T во состојба на континуиран проток на воздух (според KS K 0693:2016 протокол со употреба на бактериофаг MS2 вирус ATCC 15597-B1 и сој на Escherichia coli C3000 ATCC 15597) и антивирусен филтер Tri-Care (според критериуми за тестирање утврдени од Samsung со употреба на Staphylococcus aureus ATCC 6538 и Klebsiella pneumoniae ATCC 4352). Нашите производи не се тестирани за дејство врз вирусот на КОВИД-19. Затоа, ние не правиме или даваме изречни тврдења и гаранции или тврдења и гаранции што се подразбираат во однос на вирусот на КОВИД-19. Достапно само на моделите WindFree™ Elite и Avant.