Известување за приватност

верзија од 10 март 2023 г.

Ова известување за приватност (Известување) се однесува на обработката на лични податоци во врска со веб-локацијата samsung-climatesolutions.com (Веб-локација) и нашиот билтен за маркетинг комуникација („Билтен“) под контрола на Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. (SEACE), компанија со седиште во Холандија со регистерски број 67060269 и со регистрирано седиште на Evert van de Beekstraat 310, 1118 CX Schiphol во Холандија. Сите упатувања на ние, нас и наши се упатувања на SEACE, којшто е контролор на личните податоци што се обработуваат според ова Известување.

Може да го ажурираме ова Известување одвреме-навреме за да внесеме промени во врска со обработката на личните податоци во врска со Веб-локацијата или Билтенот или промените во применливиот Закон за заштита на лични податоци и на останатите важечки закони на Република Северна Македонија. Ќе објавиме известување на нашата Веб-локација или во Билтенот за да ве известиме однапред за суштествени промени во нашето Известување и на почетокот на Известувањето ќе наведеме кога последно е ажурирано.