Galaxy AI пристигна

Пристигна следното најважно откритие. Galaxy AI — создадено за да ти служи, да го ослободи твојот потенцијал, да ја зголеми твојата продуктивност и да отклучи свет полн со нови можности. Во твоите раце, вештачката интелигенција треба да биде почовечка, поверодостојна, позначајна, полична, покорисна и посигурна на сите уреди.
Galaxy AI отвора свет на можности.

Заокружи за пребарување

Заокружи за да пребараш на големиот екран1

Ова е ефикасен начин да пребаруваш на еден паметен телефон — едноставно заокружи. Зголеми ја продуктивноста на големиот екран што се отвора, и тоа со прст или со S Pen пенкалото.2

Видеото започнува така што се прикажува мени со четири опции со оброци за „Paris Brunch, Downtown Paris“. На долната лента со задачи се прикажани Samsung апликации. Потоа, S Pen пенкалото го заокружува зборот „Галета“, што води до резултати од пребарување на тој израз на Google. Видеото започнува така што се прикажува мени со четири опции со оброци за „Paris Brunch, Downtown Paris“. На долната лента со задачи се прикажани Samsung апликации. Потоа, S Pen пенкалото го заокружува зборот „Галета“, што води до резултати од пребарување на тој израз на Google.

FLEXCAM

FlexCam со автоматски зум. Долови го својот најдобар агол3

Прикажана е апликацијата камера во режим за преглед на FlexWindow на Galaxy Z Flip6. Се притиска копчето за зумирање, а се користи AI за автоматски да се зумира група пријатели кои позираат за фотографирање подалеку. Прикажана е апликацијата камера во режим за преглед на FlexWindow на Galaxy Z Flip6. Се притиска копчето за зумирање, а се користи AI за автоматски да се зумира група пријатели кои позираат за фотографирање подалеку.
Помош за белешки

Најлесниот начин за резимирање на белешките на сите Samsung уреди на преклоп

Добивај белешки од предавањата со само неколку допири — дури и кога вршиш мултитаскинг. Функцијата Помош за белешки ги транскрибира снимките и ги организира во белешки, создавајќи ефикасни резимеа. А за сѐ останато, тука е S Pen пенкалото, подготвено да направи чуда на екранот.2,4

Преведувач

Твоето врвно преведувачко искуство со FlexWindow

Патуваш и треба да разговараш со локалците? Опцијата Преведувач преведува инстантно, без разлика дали зборуваш ти или слушаш глобална конференција на странски јазик или туристички водич.5,6

Превод во живо

Инстантно преведувај ги повиците

Едноставно разговарај по телефон, а опцијата Превод во живо ќе толкува, помагајќи ти да ги преминеш јазичните бариери. Како да имаш преведувач на дланка.7

Телефонски разговор е преведен во реално време. Дијалогот е покажан на екранот како текстуален разговор на шпански и на англиски јазик. Телефонски разговор е преведен во реално време. Дијалогот е покажан на екранот како текстуален разговор на шпански и на англиски јазик.

Помош за фотографирање

Нека секоја фотографија биде фантастична со помош на AI

Уредувај ги фотографиите колку ти душа сака со опцијата Помош за фотографирање. Поместувај предмети, зумирај, менувај ја рамката и уредувај ги сликите со помош на AI.8

Се уредува слика во апликацијата Галерија. Се допира копче за уредување и се избира еден од субјектите. Се поместува на друга локација на сликата. Потоа, се пополнуваат местата што недостасуваат. Се уредува слика во апликацијата Галерија. Се допира копче за уредување и се избира еден од субјектите. Се поместува на друга локација на сликата. Потоа, се пополнуваат местата што недостасуваат.

Добро следи ја и внимавај на својата благосостојба со помош на AI

Спари го Galaxy Z Flip6 со сосема новиот Galaxy Watch Ultra или Galaxy Watch7 или со двата, и следи ги своите енергетски поени во текот на денот.9,10

Запознај ја Galaxy AI на твоите уреди

Паметни телефони

Galaxy S серија

Galaxy Z серија

Таблети

Galaxy Buds

Galaxy Watch

*Сликата е симулирана. Достапноста на бои, големини, модели и ремчиња за часовник може да се разликува во зависност од земјата или операторот.

*Може да биде потребна најава на Samsung Account за да се користат одредени Samsung AI функции.

*Samsung не дава ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со AI функциите.

*Сликите се симулирани за илустрација. Секвенците се скратени и симулирани. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува

*Функциите Galaxy AI ќе бидат бесплатни најмалку до крајот на 2025 година на поддржани Samsung Galaxy уреди. Условите може да се разликуваат за AI карактеристиките обезбедени од трети страни.

*Galaxy AI карактеристиките за серијата Galaxy S24, серијата Galaxy S23, серијата Galaxy S22, Galaxy Z Fold6 | Z Flip6, Galaxy Z Fold5 | Z Flip5, Galaxy Z Fold4 | Z Flip4, Tab S9 | S9+ | S9 Ultra и Tab S8 | S8+ | S8 Ultra се достапни на верзијата One UI 6.1 или на понови верзии.

*Достапноста на карактеристиките на Galaxy AI може да варира во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и операторот на телефонот.

*Galaxy AI услугата може да е ограничена за малолетни лица во одредени региони со возрасни ограничувања поради употребата на вештачка интелигенција.

*Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6, Galaxy Watch Ultra, Galaxy Watch7 и Galaxy Buds3 Pro се продаваат одделно.

1. Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустрација. Резултатите може да се разликуваат во зависност од визуелните совпаѓања. Потребно е поврзување на интернет. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат својот Android на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од апликацијата или од поставките на уредот. Некои функции може да не се компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата се разликува во зависност од земјата и од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Опцијата Circle to Search не е достапна на FlexWindow.

2. S Pen пенкалото се продава одделно. Користете S Pen пенкало дизајнирано за Galaxy Z Fold. Сите други S Pen пенкала или други пенкала може да го оштетат екранот. Galaxy Z Fold6 нема вграден слот за S Pen пенкало. Поддршката за S Pen пенкало е ограничена само на главниот екран.

3. Автоматското зумирање е достапно во режимот Flex со помош на задната камера и ќе се исклучи ако зумот се прилагоди рачно. Ограничено во услови на слаба осветленост.

4. За опцијата Note Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Функцијата за резимирање за опцијата Note Assist се активира кога ќе се исполни условот за одреден број јазични знаци и тој број е под ограничувањето за знаци. Функцијата за гласовно снимање за опцијата Note Assist може да не е поддржана во некои земји. Аудио датотеките мора да траат помалку од 3 часа за да може да се процесираат. Точноста на резултатите не е загарантирана.

5. За функцијата Interpreter е потребно најавување на Samsung Account. За одредени јазици може да биде потребно групно преземање. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапноста и поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или операторот. Достапноста на поддржани јазици може да се разликува.

6. FlexMode поддржан под кој било агол помеѓу 75° и 115°.

7. На функцијата „Преведување во живо“ за „Помош за повици“ не и е потребна мрежна врска. На повиците им е потребна мрежна врска за да се активира Преведување во живо. Потребно е најавување на сметката Samsung. Преведувањето во живо е достапно само на претходно инсталирани апликации за телефон на Samsung и некои апликации од трети страни. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот или регионот. Одредени јазици може да бараат преземање јазичен пакет. Точноста на резултатите не е загарантирана.

8. За карактеристиката Generative за опцијата Photo Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Уредувањето со Generative Edit резултира со фотографија со променета големина до 12 MP. Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од Galaxy AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.

9. Енергетските поени се достапни на телефони Android (со Android 11 или понова верзија) и потребна е апликацијата Samsung Health (v6.27 или понова). Потребно е најавување на Samsung account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата или регионот. За да ги провериш енергетските поени, здравствените податоци кои ги следи часовникот Samsung Galaxy Watch или прстенот Samsung Galaxy Ring мора да бидат синхронизирани со апликацијата Samsung Health App. Потребни се барем податоците од активностите и спиењето од претходниот ден, како и податоците за срцебиењето за време на спиење. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Резултатот е само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.

10. Galaxy Z Flip6 и Galaxy Watch7 уредите се продаваат одделно.